Пулените на францускиот стратег Арсен Венгер итаат кон водечката четворка во Премиер лигата откако на Емирати со убедливи 5-0 ја совладаа Астон Вила.
„Топчиите“ со погодокот на Жиру во 8-та минута ја навија победа, а ја осигураа во вториот дел со головите на Озил, Волкот, Кацорла и Хектор Берлин.
Со дуелот меѓу Саутемптон – Свонси ќе се комплетира 23-то коло во најсилната англиска лига.
Табела : Челси 53, Мен Сити 48, Мен Ју 43, С`тон 42 (-1), Арсенал 42..
Мх.П.