Фудбалерите на Арсенал, ја прекинаа серијата без победа во сите конкуренции совладувајќи го Вест со 1-3 (1-0) во последниот натпревар од 16-та рунда во Премиер лигата.

Прашањто околу победникот „топчиите“ го решија од 60-та до 69-та минута. Во тој период, Арсенал успеа да изедначи да поведе со 2-1 и да зголеми на недостижни 3-1. Во првото полувреме Вест Хем го отвори резултатот и обезбеди минимално водство кое не се покажа доволно на крајот од натпреварот.

Арсенал со новите три бодови се искачи на деветтата позиција, но повеќе радува деби победата на менаџерот Фредерик Љунберг и прекинувањето на серијата без победа.

OhridNews