Англискиот премиерлигаш Арсенал со победа над Чивас Гвадалхара (3-1) ја заврши мини турнеата во Америка.
„Топчиите“ во целост ја оправдаа фаворитската улога и на задоволство од публиката покажаа што знаат и умеат.
Од 34-та до 56-та минута пулените на Арсен Венгер постигнаа три погодоци, а домаќините во продолжението од мечот со еден гол го ублажија поразот.
Претходно, Арсенал со 2-1 го совлада тимот составен од ѕвездите од америчката МЛС Лига.
OhridNews