Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен југоусточен ветер. По одделни котлини има услови за појава на слаба утринска магла. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

Во недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Релативно високи температури за овој период од годината ќе има и во текот на идната седмица, кога на места живата во термометрите ќе се искачи до 16-от степен Целзиусов.

OhridNews