Времето денеска ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.  Максомалната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени Целзиуосови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информира УХМР.

Во петок ќе се задржи претежно облачно и нестабилно време на места со пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и постепено времето ќе се стабилизира. Температурите ќе опаднат за неколку степени. Во Охридско до 26 степени.

Во викендот не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови има услови за пороен дожд и грмежи. Во Охрид сончево и тивко со температура околу 30 степени.

OhridNews