Според податоците добиени од Управата за хидрометеоролошки работи утринската температура на водата во Охридското Езеро измерена утрово во 7 часот и 30 минути изнесува 23 степени. Се очекува нејзино зголемување во текот на денот и таа да достигне до 25 степени целзиусови.


Зголемување на температурата на водата во езерото се очекува и во наредните денови, со оглед на високите температури кои не очекуваат. Наредните денови според прогнозите на синоптичарите, ќе преовладува суво, топло и стабилно време. Минималната температура во Охрид ќе биде 14 степени, додека дневната ќе се искачи до 32 степени целзиусови.

OhridNews