Без победник и без голови заврши дерби пресметката меѓу Лестер и Арсенал. По двете одиграни кола и двата тима се сеуште без победа. Манчестер Сити беше убедлив на гостувањето кај Стоук со 4-1. Два пати Агуеро , два пати Нолито беа стрелци на головите.
Диего Коста повторно го доведе Челси до вториот триумф сезонава. “Сините“ беа во негатива по погодокот на Капуе но со головите на Батшуаи и Коста успеаја да стигнат до до втората победа во вториот меч.
Ливерпул по сензационалниот триумф над Арсенал со 4-3, доживеа удар од Барнли со 2-0. Вокс и Греј беа стрелци на головите во првиот дел. Фудбалерите на Барнли имаа само 19% посед на топка во текот на мечот, доволно за да се прокнижат три бода.
Резултати: ВБА – Евертон 1-2, Тотехенм – Кристал Палас 1-0, Лестер – Арсенал 0-0, Свонси – Хул 0-2, Ватфорд – Челси 1-2, Барнли – Ливерпул 2-0.
OhridNews