Според најавите на метеоролозите денес и утре температурите на места ќе достигнат и до +40 степени Целзиусови, а екстремно топлото време ќе потрае до крајот на неделата. Поради тоа надлежните апелираат граѓаните да бидат крајнио внимателни и да ги почитуваат препораките за заштита од пожари во природата.
Превентивно од неодамна воведена е и делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна дирекцијата на паркот, се движи од 2 до 3 илјади евра.
Исто така се потсетуваат земјоделците дека е забрането палењето на стрништата. Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.