Како подобро да се започне второто полугодие од учебната 2019/20 година, ако не со прегратка. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ -Охрид го одбележаа 21 Јануари, Меѓународниот ден на прегратките со креативни пароли со топли пораки: „Прегратката за среќа е бесплатна“, „Започни го второто полугодие со прегратка“, „Подари ми, најсилна прегратка“, „Прегратки за петки во второто полугодие“…

Традицијата за прегрнување на овој ден е започната 1986 година од страна на Кевин Заброни. Целта е да се поттикне секој поединец да ги прегрнува пријателите и членовите на семејството почесто. Психолозите го поттикнуваат прегрнувањето, се смета дека има лековити својства и го прави животот подолг и поубав. Иако е еден од наједноставните начини да се искаже приврзаност, во последно време потребно е луѓето да се поттикнат за да се прегрнуваат повеќе.

OhridNews