Пратеничката Роза Топузовска-Каревска е разрешена од функциите потпретседател на Либерално-демократска партија и член на Извршниот одбор на партијата, зашто статутот на партијата не предвидува исклуување од членстовот, што самата таа и го очекувала, пренесува „Макфакс“.

Ваквата одлука во средата едногласно била донесена од страна на Централниот одбор на ЛДП бидејќи таа не ги послуша инструкциите на партијата и не поднесе оставка на пратеничката функција заедно со останатите колеги од опозицијата.

Топузовска тогаш истакна дека според неа местото на опозицијата е во собраниските клупи и дека опозицијата од таму може вистински да се спротистави на политиките на власта, а не вонинституционално, по што реши да го прифати мандатот и да се влезе во Собранието.

„Според статутот на партијата во кој не се предвидува исклучување членови значи не станува збор за мое исклучување од Либерално- демократската партија, туку станува збор за разрешување од функциите потпретседател на ЛДП и член на Извршниот одбор. Според мене, тоа е легитимно право на партијата кое е загарантирано со статутот. По она што претходно можев да го чујам и прочитем од медиумите, не сум изненадена од ваквиот чекор на раководството на партијата“, истакна во изјава за Макфакс пратеничката од Роза Топусовска-Каровска.

Лидерот на партијата, Андреј Жерновски, ја потврди ваквата информација и додаде дека таа не е исклучена од партијатам туку дека само е разрешена од партиските функции.

„Во статутот на партијата, нема мерка исклучување од членство. Тоа е и услов за да се биде член на либералната интернационала. По нејзиното разрешување од партиски функции, на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе му испратиме писмо со кое ќе го информираме дека таа не може да ги претставува ставовите и интересите на ЛДП“, појаснува Жерновски.

Топузова-Каревска влезе во Собранието преку кандидатските листи на здружената опозиција, како трета во Изборната единица 4.

OhridNews
извор:„Макфакс“