Позајмениот фудбалер во Милан од Челси, Фернандо Торес во зимскиот преоден рок ќе се врати во својот матичен клуб Атлетико Мадрид.
Откако „сините“ се откажаа од неговите услуги и го испратија на позајмица на „Сан Сиро“ никој не сакаше да го ангажира шпанскиот репрезентативец.
Торес по преселувањето Челси целосно го изгуби осетот за постигнување погодок, кој го красеше во Ливерпул и Атлетико Мадрид.
Во спротивна насока од Шпанија во Италија ќе замине Алесио Черчи, кој минатата сезона во Торино имаше блескави настапи.
Тој ќе ги засили редовите на „росонерите“ и ќе го пополни местото по заминувањето на Торес.
Мх.П.