Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес се врати на тренинзите од екипата, откако ја надмина повредата на главата која ја доби на мечот со Депортиво ла Коруња во Ла лига.


Голгетерот на „јорганџии“ самостојно одработил полесен тренинг под посебен надзор од клупските доктори. Според прогнозите Торес на терените ќе се врати за недела дена, а можеби и побгру со оглед на опоравување кое оди во правилна насока.

Торес по еден дуел со противнички играч падна како покосен во бесознание на теренот. Врсљако и Габи со брзата интервенција српречија поголема трагедија, бидејќи напаѓачот веќе го имал голтнато јазикот што може да предизвика гушење.

Габи и Врсаљко му го спасија животот на Фернандо Торес (видео) 

Обновено: Фернандо Торес се заблагодари за поддршката и ја напушти болницата

OhridNews