Најскапиот фудбалер во Серија А, Гонзало Игуаин го реши победникот во градската пресметка меѓу Торино и Јувентус постигнувајќи два погодоци во победата (1-3).
Игуаин, со два голови во 28-та и 82-та минута одговори на водечкиот погодок на домаќините кој го постигна Андреа Белоти во 16-та минута. Точка на победата стави Миралем Пјаниќ во финишот од мечот.
На табелата Јувентус има седум бодови предност од Рома и Милан кои со меѓусебен натпревар ќе ја спуштат завесата во 16-та рунда.
Резултати: Каљари – Наполи 0-5, Болоња – Емполи 0-0, Палермо – Киево 0-2, Торино – Јувентус, Аталанта – Удинезе 1-3, Интер – Џенова.
OhridNews