Италијанскиот град Торино од 2021 година ќе биде нов домаќин и организиратор на завршниот турнир во тенисот. Торино, домаќинството ќе го преземе од Лондон кој најдобрите тенисери на едно место ги собираше од 2009 година.

Осумте први тенисери на АТП листата играат на завршен турнир популарен како „АТП финале“. Со оглед дека на турнирот учестуваат најдобрите тенисери, квалитетот е на високо ниво и потсетува на грен слем турнирите.

Торино организацијата ја доби во конкуренција на Манчестер, Токио, Сингапур и Лондон. Домаќин италијанскиот град на најдобрите тенисери ќе биде до 2025 година.

OhridNews