Викендов, во хотелот Ривиера се одржа 18- та по ред Тортијада во организација на Женски центар „Бисера“ на која учествуваа жени аматерки како и слаткарници од Охрид. Тортијадата имаше натпреварувачки карактер , при што присутните гости имаа можност да гласаат за тортата која им се допаѓа.
Од изработените торти од страна на жените аматерки, првото место го понесе тортата ,,Катерина” изработена од Ристана Божиноска. Второнаградена беше тортата ,,Слатка Магија” од Маја Мартиноска Грозданоска и третонаградена тортата ,,Чоколадна кошничка” од Марјана Мартиноска Тодороска.
Од тортите со кои учествуваа слаткарниците, прво место освои слаткарница „ Мис“ со Фустан од излог, второ место слаткарница ,,Гордана” со Јафа и трето место ,,Драго ” со Hello Kiti.
Покровител на годинашната тортијада беше Индира Ајруш, генерален менаџер на „ИМПАКТ Груп“. Дел од тортите беа донирани во одделението за геријатрија, Детското одделение при Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и за децата од Порака.
OhridNews