Лидерот на прволигашкото друштво МЗТ Скопје со 98-83 го “збриша“ Куманово додека бранителот на трофејот Фени Инустри се “прошета“ до победата над Лирија со 94-86. Дербито во “плеј офот“ им припадна на Торус совладувајќи го Работнички со 75-67.

Потенцирав пред натпреварот, дека Работнички е добра екипа и ако не одиграме ангажирано во целиот натпревар може скапо да не “кошта“. Тоа се случи, но среќата беше на наша страна и овој меч извојувавме триумф. На секој дуел ни се повторуваат истите грешки  осцилации во играта, премногу изгубени топки во финишот. Не чека многу работа да ја корегираме играта и да зачекориме по вистинскиот пат – истакна тренерот на Торус, Марјан Србиновски.

Табела : МЗТ Скопје 35, Фени Индустри 35, Торус 32, Лирија 30, Куманово 27, Работнички 26.

Во наредната 20-та рунда од првата машка кошаркарска рунда ќе се сретнат : МЗТ Скопје – Лирија, Фени – Торус и Работнички – Куманово.

Мх.П.