На денешната прес конференција селекторот Џон Тошак направи осврт на 6- те средби на националниот тим под негово водство а посебно на средбата со Луксембург каде Македонија доживеа разочарувачки пораз.
– Ова беа средби на кои направивме увид во потенцијалот на македонската фудбалска репрезентација. Продефилираа 33 играчи од кои 3 голмани и сега следува период на селекција на потесен список на фудбалери кои ќе настапат на претстојните три контролни средби. Одигравме добри натпревари, како оној против Русија, Словачка, Андора… но и средби кои не загрижија како против Ерменија и последниот против Луксембург. Морам да потенцирам дека на секој нов натпревар недостасуваа по 5-6 играчи, а во Луксембург недостасуваа дури 7 играчи кои играа на пример во Москва. Тоа не е оправдување бидејќи на последниот натпревар видов неколку играчи кои можат многу подобро отколку што прикажаа во Луксембург. Сигурно дека и јас како селектор чувствувам вина за поразот. Свесен сум дека направивме некои пропусти кои сигурно не би ги направиле доколку натпреварот беше квалификациски , односно со натпреварувачки карактер. Но основната цел е на вакви средби да им дадете шанса на што повеќе играчи за да го „снимите“ нивниот потенцијал.
Тошак демантираше дека постои подвоеност меѓу играчите вон теренот и дека тоа се чувствува и на натпреварите:
– Нормално е играчите кои настапуваат во поедини клубови, или потекнуваат од иста средина да се дружат повеќе меѓу себе отколку со останатите. Тоа го има и во големите клубови. Она што е најважно за нас е мотивацијата, желбата да се игра во националниот тим. Македонија не е велесила како Италија, Шпанија, Англија…Се знае дека изборот на играчи е ограничен и затоа ако сакаме да направиме резултати, играчите кои ќе добијат шанса ќе мора да дадат минимум 100 % од својот потенцијал за да бидеме компетитивни. Играме во тешка група и без такво залагање и мотивација нема да можеме да очекуваме резултати. Секој оној кој нема мотив да игра за националниот тим нема потреба ниту да доаѓа на подготовките. Подобро нека остане во својот тим.
Новинарите се интересираа каков е мотивот кај селекторот да продолжи со работа во националниот тим по „дебклот“ во Луксембург:
– Секој тим, секој играч може да има лош ден. Тоа ми се случувало и мене како играч, на пример со Ливерпул играв 0-0 во Луксембург. Како селектор со Велс ги победив два пати. И што ќе правиме , ќе менуваме тренери секоја недела. Тоа е најлесно. Точно е дека бев разочаран од дел од играчите, нивниот однос кон играта. Одговорноста е на сите, но на крај секогаш вината е кај тренерот. Реков дека ја превземам одговорноста за поразот, но се надевам дека сите ќе извлечеме позитивни поуки кои ќе ни користат за квалификациските натпревари. Очекувам многу подобри изданија на претстојните контролни средби. Веќе имам слика не само за потесниот избор на играчи, туку и за системот кој како репрезентација ќе можеме да го играме во следниот квалификациски циклус, во една извонредно силна група. Македонија е меѓу 5-те најнедисциплинирани селекции во Европа по заработени картони и очекувам тој просек да го намалиме во спротивно недостатокот на клучните играчи во важните натпревари ќе влијае и врз системот на игра . Очекувам подобрување на состојбите во тој правец- изјави на прес конференцијата селекторот Џон Тошак.
На симболичен начин вчеравечер беше означен стартот на 10-то јубилејно издание на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со пози...
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.