Селекторот на македонската клупа, Џон Тошак остро ги демантираше медиумите за остсварените контакти со фудбалерот Азиз Сердар од Турција. Тој во изјава за официјалната веб страна на ФФМ рече:
– ФФМ и селекторот официјално не стапиле во контакт со Сердар Азиз. Напротив селекторот официјално изјави дека тврдењето на играчот дека лично бил повикан и убедуван од селекторот да игра за Македонија е апсолутно невистинито. Уште повеќе г-динот Тошак остро ја демантира и информацијата пласирана од Сердар Азиз дека му било ветено од негова страна дека доколку заигра за Македонија полесно ќе му направи трансфер во шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона?!
„Да дадеш ветување на одреден играч дека ќе му направиш трансфер во Реал Мадрид или Барселона само затоа што некогаш си бил тренер или живееш таму е многу несериозно и смешно. уште понесериозно е кога некој играч ја користи таа фраза, моето име и македонската репрезентација за да си направи добар маркетинг. Категорично тврдам дека ниту сум се јавил на Сердар Азиз ниту сум му понудил такво нешто. За жал ова е уште еден случај кога моето име се употребува за личен бенефит” изјави селекторот Тошак.
Од ФФМ велат дека принцип на работа на федерацијата е да ги контактира сите играчи кои играат во странство, а се со македонско потекло но само доколку ФФМ процени дека можат да го подигнат рејтингот на македонскиот фудбал.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...