Македонската фудбалска репрезентација во квалификацискиот циклус за Европското првенство во Полска и Украни дожиева тотално фијаско. Извојувани се само две победи над Андора, едно реми и забележани се шест порази а остана уште мечот против Словачка на “Филип втори“. Последниот пораз во Ереван од Ерменија со убедливи 4-1, кој навистан боли и е премногу за “црвено жолтите“ кои најавуваа пласман на Европското првенство. 

–    Ерменија беше подобра екипа во секој сегмент на играта. На почетокот не ги искористивме нашите шанси, нашиот протвник ја искористи секоја минимална ситуација да го загразот голот на Богатинов – истакна велшанецот Тошак.
Во натпреварот со Русија во Мосвка потфрли нападот, на стадионот “Република“ во Ереван под своет ниво беа сите фудбалери.

–    Во Ереван не беше проблемот само нападот и одбраната не беше на висина на задачата.  Фудбалерите на Ерменија “изгинаа“ на теренот и повеќе ја посакуваа победата – надополна селекторот на “црвено жолтите“ Џон  Тошак.

Македонија во вторник пред своите гледачи со Словачка го игра последниот натпревар во циклусот квалификации за ЕП 2012 година.

Видео : “Покер“ за Македонија во Ереван

Мх.П.