Селекторите на националните „А” и „У-21″ репрезентации, Џон Тошак и Бобан Бабунски, доставија заедничка пријава до претседателот, управниот одбор и генералниот Секретар на ФФМ за разгледување на изјавите и тврдењата на одредени играчи а во врска со изборот на фудбалери за националните тимови со критериум друг освен фудбалскиот и за наводното “плаќање” за играње во репрезентацијата.


Селекторите бараат од играчите кои ги имаат дадено неоснованите изјави и тврдења да ги повлечат изјавите и јавно да се извинат за невистинитите обвинувања, во спротивно ќе бидат приморани да преземат правни дејствија против нив.

Лавината незадоволства тргна по објавувањето на списокот на фудбалери за пријателските мечеви против Поругалија и Ангола. Прв се јави Баже Илијоски кој во своето обраќање жесто ги нападна селекторот Тошак и неговиот помошник Бобан Бабунски.

Потоа следуваат реакции на Гроздановски и Наумовски кои истотака беа изоставени од списокот.

Настапите на македонската “А“ репрезентација како разочарувачки ги објасни и претседателот на ФФМ, Хаџи – Ристески во своето експозе за време на редовното собрание во Охрид.

Пред „А“ тимот е долг пат да се врати изгубената доверба кај навивачите. “Црвено-жолтите“ повторно ќе се соберат во понеделник кога ги започнуваат подготовките за пријателските средби со Португалија и Ангола.

М.П.