Македонскиот селектор Џон Тошак се одлучи за “дефанзивна“ формација против “моќната“ репрезентација на Луксембург за пријателскиот меч закажан за крајот на февруари.
Велшанецот на пописот сврсти осум дефанзивици, а како стојат работите некој од нив ќе мора да биде прекомандуван во средниот ред. 
Најболното прашање во македонскиот национален тим останува се уште нерешно, а тоа го потврди и велшанецот кој повика само тројца играчи за врска. 

Демири, Деспотовски и Глигоров. 

Најжестока ќе биде конкуренцијата во шпицот каде повикани се сите расположви сили вклучувајќи ги Пандев и Тричкоски. 
Повторно во составот на Тошак, “провејуваат“ фудбалери кои не се стандардни во своите клубови или се растрчани по светот во потрага по трансфери. Па така место повторно има за Лазаревски, Деспотовски, Иваноски. 
Поштеден е репрезентативецот со најголем број настапи во моментов Шумуликоски (75 меча), кој е пред трансфер во Кина.  
М.П.