Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак кој беше дел од делегацијата во која беа уште Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Игор Климпер, по завршната ждребка рече :

– “Навистина беше тешко да го составиме распоредот за одигрување на средбите. Секоја делегација имаше свои желби. Мораше да се отстапи во некои делови, но за нас важно е што ги избегнуваме тешките и долги патувања на играчите. Особено средбите што се играат во петоците беше важно да ги играме на поблиски дистанци, па така гостуваме во Хрватска во Септември наредната година. Во Октомври им сме домаќини на хрватите во првиот термин, потоа во Март 2013 ја пречекуваме Белгија итн“ – рече Тошак за веб сајтот на ФФМ.

Тошак истакна дека немал некое посебно инсистирање кој да биде прв противник бидејќи групата е тешка и сите репрезентации се силни.


 – “ Факт е дека мораме да играме 5 средби дома, 5 на гости и мислам дека сите тоа го сфатија и на крајот постигнавме договор “- изјави селекторот на националниот тим, Џон Тошак веднаш по состанокот.

При инагурацијата на селекторската позиција велшанецот рече “- Желбата
кај водечките лица во Федерацијата да ја видат Македонија на Мундијалот
2014 година беше одлучувачкиот момент за кој се нафатив на оваа работа“

Па “Mister No Comment”  со среќа нека ние….

Тошак : “Дојдов да ја одведам Македонија на Мундијалот“

М.Постоловски