Селекторот на Македонската репрезентација Џон Тошак ги објави имињата кои ќе го започнат натпреварот со Ерменија на стадионот “Република“ кој ќе биде исполнет до последното место. Велшенацот за денешниот натпревар кој за Ерменија е “да се биде или не“ се одлучи за напаѓачка формација 4-3-3.


На голот е Богатинов, дефанзивната четворка ја сочинуваат стандарните Новески и Шиков, по бековските позиции ќе дејствуваат Попов  и Георгиевски.

Во средината на теренот ќе настапат капитенот Шумуликоски, Демири и Муарем додека напаѓачката тројка е составена Тричковски, Ф. Ивановски и М. Ивановски.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот со директен пренос на МТВ.

Македонија врти нов лист во Ерменија

Мх.П.