После шокатниот пораз од Луксембург, селекцијата на Македонија  одигра два пријателски натпревари со Португалија и Ангола. “Црвено жолтите“ се консолидираа, на мечот со Португалија запрени беа “скапите ѕвезди“ на “европските бразилци“, а истиот резултат 0-0 беше и на вториот тест со Ангола.


Селекцијата изгледаше доста уморно по средбата со Португалија. Јас сум задоволен бидејќи иако не постигнавме погодок создадовме неколку убави шанси а во дефанзива повторно добро се браневме и мислам дека Ангола не успеа да создаде ниту една посериозна шанса. Направивме 6 замени и морам да кажам, дека овојпат научив многу за репрезентативците во овие 10 дена дружење – истакна селекторот.

Македонија на два меча но низа не успеа да го пронајде патот до противничката мрежа. Ремизираше без голови со Португалија и Ангола.


Што се однесува до противникот, имавме една добра екипа која игра брз фудбал но ние солидно ја контролиравме секоја ситуација. Ќе мора да ја поправиме играта во завршницата и да постигнуваме голови доколку сакаме да победуваме особено од изгледните прилики кои многу значат на квалификациски натпревари – потенцираше велшанецот, Тошак.

Со тест мечевите во Леирија со Португалија и во Есторил со Ангола, А тимот се збогати со уште неколку млади репрезентативци кои коректно и доследно одговорија на поставените задачи од селекторот.


Овој собир беше вистински тест и почнувајќи од дуелот на младата репрезентација со Северна Ирска во Куманово па до мечот со Ангола сите средби беа многу корисни за она што не очекува во септември. Се надевам дека ќе извлечеме со дополнителните анализи многу информации за да се подготвиме максимално– изјави по средбата селекторот Тошак.

Македонија во квалификациската група за СП се наоѓа со Хрватска, Србија, Шкотска, Велс и Белгија.

Мх.П.