Mинистерот за внатрешни работи се обрати на 15. Меѓународна научна конференција на тема „Современи безбедносни предизвици и зајакнување на отпорноста на земјите од Југоисточна Европа“ која се одржува во Охрид 23-24 септември, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје и фондацијата „Фридрих Еберт“.

Унапредување на науката и академското истражување на степен на којшто заслужува е нужно не само за научната фела, туку и за практиката како таква. Ако сакаме да зборуваме за безбедно општество, борба против сите видови сериозен криминал, нужно е да ги дискутираме темите и на ова академско и експертско ниво со цел заклучоците и научните факти кои ќе произлезат од ваквите настани, да ги имплементираме во институциите со што ќе го зголемиме нивното ниво за да се борат со сите предизвици како што се организираниот криминал, сајбер криминалот и високата корупција. Научната мисла мора да го даде својот придонес во секој од овие пилари во кои институциите како МВР ќе треба да се развиваат во иднина, потенцираше министерот Тошковски во своето обраќање.

OhridNews











