Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, рече министерот за внатрешни Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Потенцираше дека истрагата сеуште трае и за сите нови информации јавноста ќе биде информирана.
Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина, вели Тошковски.
Инаку, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 лица, а повредени беа 193 лица.
Н.С.Ј.