Пивотменот на „црвено црните“ Алем Тоскиќ од следната сезона ќе го замени дресот на Вардар со словенскиот клуб Горење Велење.
Тој ја договори соработката со Горење пред истекот на договорот со клубот од Јане Сандаски кој е со важност до јуни 2016 година.
Постигнатиот договор со ракометарот од Вардар го потврди словенскиот клуб со кратко соопштение. – Со него постигнавме договор за двегодишна соработка. Многу сме горди поради тоа бидејќи тој е искусен и тимски играч и ќе биде од голема помош за нашата екипа.
Сезонава, српскиот интернационалец игра во фантастична форма и вистинско изненадување е што Вардар дозволи да замине еден од најискусните играч од составот.
Mх.П.











