Најголемото дерби во Аргентина помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата во рамките 1/8 финалето од Копа Либертадорес не го дочека својот крај.
Натпреварот беше прекинат на полувремето откако домашните навивачи со солзавец ги нападнаа гостинските фудбалери во тунелот при заминување кон соблекувалните.
Пет фудбалери од Ривер беа мета на домашните фанови, а еден од играчите заврши во болница поради алергија на очите.
Тука не прекина циркузот на дербито. Првиот човек на Ривер на теренот се пресмета со тренерот на Бока, а во тие моменти полета и дрон со бело платно на кое имаше само една буква (Б) што алудираше на испаѓањето на Ривер во Втората лига.
Судијата по еден час од проблемите со преставниците на двата тима одлучи да го прекине натпреварот при резултат (0-0).
Ohridnews