Преодниот рок се уште не е започнат во фудбалска Европа, а Милан на чело со претседателот Адријано Галијани има големи цели и планови пред официјалниот старт.


На листата од Милан се наоѓаат Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ, Кондогбија и Ајмен Абендур од Монако, Мет Хумелс од Борусија Дортмунд, фудбалерите на Атлетико, Миранда  и Арда Туран и напаѓачот на Шахјтор, Луиз Адријано.

Лекарскиот тим на „росонерите“ отпатува на Копа Америка каде треба да го тестира Џексон Мартинез за да се официјализира трансферот од Порто во Милан за 32 милиони евра.

„Росонерите“ две сезони се далеку од врвот во Италија и Европа затоа овие промени во играчкиот кадар се логични и очекувани.

Ohridnews