Екипата на Тотенхем на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед во 10-та рунда од Премиер лигата ќе се судри без својот најдобар играч Хари Кејн.
Напаѓачот поради повреда на мускулот го пропушти мечот со Вест Хем во Лига купот, а исти епилог се очекува и за дербито во Манчестер.
Кејн деновиве бил под посебен лекарски третман, но најверојатно дека ќе биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.
Дербито во 10-та рунда од Премиер лигата се игра в сабота со почеток во 13 часот и 30 минути, а двете екипи влегуваат со идентични 20 бодови на табелата.
OhridNews