Европскиот првак од 2010 година, Интер се посрамоти против англискиот премиерлигаш Тотенхем, откако претрпе убедлив пораз 6-1.


Години наназад „нероазурите“ градат екипа за враќање на шампионскиот сјај, но не им оди, а судејќи по мечот со Тотенхем нема ниту оваа сезона.

„Петлите“ голгетерската канонада кон голот на италијаните ја најавија рано уште во 5-та минута кога од пенал погоди Хари Кејн.

Иван Перишиќ ги израмни бројките на семафорот 20 минути подоцна, а до полувремето Тотенхем пак стигна до водство со голот на Ерик Ламела.

Од 52 до 77 минута фудбалерите на Тотенхем постигнаа нови четири погодоци (Деле Али, Кејн, Винсент Јансен и Харисон) и го посрамотија Интер.


Резултати: Тотенхем – Интер 6-1, Борусија Дортмунд – Сандерленд 1-1, Викинг – Арсенал 0-8.

OhridNews