Победничката серија на Челси во Премиер лигата заврши, откако „сините“ претрпеа пораз од Тотенхем (2-0) во градската пресметка на Вајт Харт Лејн.
Домаќините, претпазливо, но мотивирано го започнаа натпреварот кој стави точка на 20-та рунда во најсилната лига во Англија.
„Петлите“ ги затворија сите приоди кон голот на Хуго Лорис, а сигурната игра им донесе можност за иницијатива на теренот.
Тотенхем на идентичен начин ги постигна двата голови кои значеа победа. Англискиот репрезентативец, Деле Али беше егзекутор, а асистирише Данецот, Кристијан Ериксен.
Со овој триумф Тотенхем ја врати неизвесноста во првенството, бидејќи ако Челси победеше разлика на табелата со второпласираниот Ливерпул ќе беше осум бодови.
OhridNews