Тотенхем и Евертон имаа различен учинок сезонава во Премиер лигата, а таква судбина ги снајде и менаџерите Маурисио Покетино односно Роберто Мартинез.
„Петлите“ на три меча до крајот на првенството ја загубија трката за титулата со Лестер додека „карамелите“ бележат најслаб пласман сезонава од последните десетина години.
Покетино го продолжи договорот со Тотенхем до 2021 година додека Мартинез заработи отказ по катастрофалната сезона на клупата од Евертон.
– Среќен сум. Ова беше лесна одлука за мене и мојот стручен штаб. Имавме одлична сезона и верувам дека ова е само почеток. Можеме да постигнеме нешто големо во блиска иднина. – рече Покетино по продолжувањето на договорот.
Најсериозен кандидат за наследник на Мартинез е Франк де Бур кој замина од Ајакс по неуспешниот обид да го симне ПСВ од тронот.
OhridNews