9Екипите на Тотенхем и Арсенал со убедливи победи ја започнаа новата 2019 година. Во рамките од 21-та рунда во Премиер лигата „петлите“ со 3-0 го совладаа Кардиф, додека „топчиите“ славеа против Фулам 4-1.
Тотенхем победникот на „Милениум“ стадионот го реши во првиот половина час. Хари Кејн , Кристијан Ериксен и Сонг Хонг Мин погодија во 3-та, 12-та односно 26-та минута и донесоа победа на стартот од новата година.
„Топчиите“ раните од поразот на Енфилд во дербито со Ливерпул ги залечија со триумф над Фулам (4-1). Убедливата победа ја најави Гранит Џака со погодокот во 25-та минута. Во 55-та минута Александар Лаказет ја дуплираше предноста. Малку надеж за Фулам врати Камара кој го намали резултатот во 69-та минута. Во 79-та минута Арон Ремси зголеми на 3-1, а печат на победата стави Пјер Обамејанг.
Триумф на гостински терен на почетокот од Новата година обезбеди Лестер кој со минимални 1-0 славеше над Евертон.
OhridNews