Екипата на Тотенхем и покрај негативата од седум бодови од лидерот на табелата Лестер не се откажува од титулата во најсилниот шампионат во Англија.
На „лисиците“ им е потребна една победа во трите преостанати мечеви до крајот на Премиер лигата. Лестер гостува на Олд Трафорд и Стемфорд Бриџ, а на домашен терен го пречекува Евертон.
– Не е ништо готово. Мора да продолжиме да веруваме и да се бориме додека се уште има шанса. Моравме и требаше да победиме против ВБА. Имавме доволно прилики во првото полувреме да го решиме мечот, но не успеавме. За пропуштените грешки противникот не казни и ни одзеде два бодови. – рече Хари Кејн.
Обложувалниците во Англија по ремито на Тотенхем со ВБА почнаа да ги исплаќаат уплатените пари на Лестер за иден шампион на Англија.
OhridNews