Манчестер Сити стигна до 16-та победа во серија во англиската Премиер лига, откако пред своите гледачи со убедливи 4-1 го совлада тимот на Тотемхем.

„Граѓаните“ одново доминираа и не му оставија простор ниту надеж на Тотенхем за поволен резултат. Илкај Гундоган со гол во 14-та минута го отвори резултатот и најави позитивни работи на Етихад.

Во последните петнаесеттина минути од натпреварот со голот на Кевин де Брујне и двата погодоци на Рахим Стерлинг домаќините дојдоа со убедливи 4-0. Почесниот погодок за гостите го постигна Кристијан Ериксен во судиското продолжение.

Манчестер Сити со победата над Тотенхем го зголеми сопствениот рекорд на 16 последователни победи. Претходно го изедначи и го подобри рекордот на Арсенал кој имаше 14 победи во серија.

OhridNews