Лондонскиот премеирлигаш Тотенхем по завршување на сезоната ќе направи измена на голманската позиција. Во своите редови ќе го донесе Петр Чех, а во Пари Сент Жермен ќе го продаде Хуго Лорис.


„Светците“ му фрлија око на францускиот репрезентативец и ќе испратат понуда висока околу 25 милиони евра, која се очекува Тотенхем да ја прифати.

Половина од финансиите заработени од трансферот на капитенот во ПСЖ управата на Тотенхем ќе ги понуди на Челси за чешкиот голман.

Лорис на „Вајт Харт Лејн“ пристигна од Лион за 8 милиони евра, а Чех повеќе од една деценија е во екипата од „Стемфорд Бриџ“.

Мх.П.