Фудбалерите на Лестер на гостувањето во Лондон кај Вест Хем ја забележаа втората победа (2-1) сезонава и во чекор го следат Манчестер Јунајтед кој исто така има две победи.
Пред своите гледачи Тотенхем не успеа да слави иако до 80-та минута имаше предност од 2-0. Составот на Стоук со два брзи погодоци ја анулираше предноста и замина непоразен од Вајт Харт Лејн.
Втората рунда во Премиер лигата ќе се комплетира в недела со дербито на колото меѓу Манчестер Сити и Челси.
Резултати : Саутемптон – Евертон 0-3, Сандерленд – Норвич 1-3, Свонси – Њукасл 2-0, Тотенхем – Стоук 2-2, Ватфорд – ВБА 0-0, Вест Хем – Лестер 1-2.
Мх.П.