Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервалед го официјализираше трансферот во Тотенхем. Доскорешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, кој минатата сезона ја мина во Саутемптон, потпишал договор до 2020 година, а вредноста на трансферот изнесува 11,5 милиони фунти.

„Задоволен сум што станав фудбалер на Тотенхем. Од почетокот знаев многу за клубот поради моите сонародници Чадли, Дембеле и Вертонген“, изјавил 26-годишниот дефанзивец.

Алдервалед кој во кариерата бил играч и на Ајакс за белгиската репрезентација има одиграно 47 натпревари. 

„Макфакс“