Тотенхем со голема судиска помош го совлада Манчестер Сити 4-1 во првиот натпревар од седмата рунда во Премиер лигата.


„Граѓаните“ со погодокот на Кевин де Брујин поведоа со 1-0, а „петлите“ со погодокот на Диер на кој му претходеше офсајд позиција израмнија на 1-1.


После грешката на голманот Кабелеро домаќините го презедоа водството 2-1, а на 3-1 зголемија исто така со гол од недозволена позиција преку Хари Кејн.


Печат на убедливата победа стави аргентинскиот интернациналец Ерик Ламела во 79-та минута со ефикасен погодок од контра напад.


Со триумфот Тотенхем ќе се искачи на петтата позиција на табелата, а услуга му направи на Манчестер Јунајтед кој со победа над Сандерленд би го запоседнал врвот во Премиер лигата.

Мх.П.