Тотенхем го продолжи походот кон Лестер на врвот од табелата во Премиер лигата победувајќи го Манчестер Јунајтед со 3-0 во дербито на колото.
„Петлите“ од 70-та до 76-та минута три пати ја погодуваа мрежата на Давид де Геа за убедливата победа. Гол серијата ја започна Деле Али, ја продолжи Тоби Алдервејдер, а печат стави Ерик Ламела.
Резултати: Сандерленд – Лестер 0-2, Тотенхем – Мен Ју 3-0, Ливерпул – Стоук 4-1.
Табела: Лестер 72, Тотенхем 65, Арсенал 59, Манчестер Сити 57…
OhridNews