Тотенхем во лондоското дерби со резултат 2-1 го совлада Арсенал и се врати на третата позиција на табелата во Премиер лигата.


“Петлите“ на десет кола пред крајот од најсилното првенство во Англија имаат шест бодови предност пред петтопласираниот Арсенал. Со оглед формата на Тотенхем, “белите“ се се поблиску до обезбедување на виза за Лигата на Шампиони додека фудбалерите на Арсенал заостануваат пет бодови зад четврто пласираниот Челси.

Избраниците на португалскиот стратег Андрес Вилјаш Бојаш победата ја осигураа во првиот дел со головите на Герет Бејл и Арон Ленон. Надеж за поволен резултат на “Вајт харт Лејн“ за “топџиите“ донесе Германецот, Пер Мертесакер со погодок на средината од вториот дел.

Мх.П.