Легендардниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти се уште нема донесено никаква одлука за неговата иднина. Договорот меѓу 40-годишниот фудбалер и римската „волчица“ завршува сезонава, а Тоти на маса има понуда да остане уште една сезона или да биде во бордот на директори во клубот.
– Немам донесено никаква одлука иако многу се пишува за мене. Можеби ќе останам на теренот, можеби ќе се преселам во канцелариите, не сум сигурен што точно сакам. – изјави Тоти.
Тоти во клубот од Рим е од 1992 година, а со својата посветеност и лојанлост навивачите го прогласија за „принц на Рим“.
Во дресот на „џалоросите“ Тоти има освоено едно Скудетото и Куп на Италија, а со „азурите“ се искачи на највискиот трон во фудбалот освојувајќи го златото на Светското првенство во Германија 2006 година.
OhridNews