Родените римјани, Франческо Тоти, Даниеле де Роси и Алесандро Флоренци кои кариерата ја посветија на еден клуб-Рома ги повикаа ултрас навивачите да го прекинат бојкот и да се вратат на трибините за мечот со Лацио кој ќе се одигра в недела во 15 часот.


Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Тоти, Де Роси и Флоренци одржаа состанок со 500 навивачи на кој разговарале за враќање на трибините.

– Ги сакаме назад на трибините, како во старото добро време. Повеќе од потребни ни се навивачите бидејќи неможиме сами да стигниме до посакуваната цел. – рекол Тоти по разговорот со навивачите.

Ултрас навивачите на „волчицата“, најверојатно нема да се вратат на трибините, а свое враќање најавија навивачите на Лацио.

Претходното римско дерби се одигра пред театарска атмосфера, откако на стадионот немаше ниту една од двете навивачки групи.

OhridNews