Франческо Тоти е легенда каква Рома веројатно никогаш нема да има, кај навивачите тој има статус на божество. Капитенот, во средата, испиша уште една страница во својата кариера, откако со два гола и ја донесе победата на Рома над Торино (3:2).
Веројатно ова и ќе беше нормално, доколку не станува збор за фудбалер кој има 39-години, кој нецели 60 секунди по влегувањето во игра го постигна првиот гол, а 120 секунди по првиот реализираше пенал за победа.
„Се надевав дека Тоти може да не инспирира, беше одлично да се слушне како реагираат трибините. Го направи токму она што ни беше потребно, она што се бараше од него. Беше ова тежок натпревар, но кога е тој на теренот, стадионот е целосно наш, атмосферата е поинаква, па и останатите играчи добиваат емотивен потстрек“, рекол Спалети.
Тренерот на Рома кој заедно со Тоти е темa број 1 во италијанските медиуми, поради наводна тепачка по неделнуиот меч со Аталанта, ппризнал дека бодовите од мечот со Торино се клучни за пласман на Рома во Лигата на шампионите.
„Ова веројатно е клучната победа, особено сега кога видовме како завршија останатите натпревари“, пренесува „Макфакс“.
На четири кола до крајот на италијанското првенство Рома е трета на табелата со 68 бодови, седум повеќе од Интер.
Пресврт победа на Рома во знакот на Франческо Тоти (видео)
OhridNews