Пред крајот на фудбалската кариера Франческо Тоти ќе ја напушти Рома и најверојатно ќе замине преку барата во тимот на Њујорк.


Обожаваниот капитен на „волчицата“ влезе во отворена војна со тренерот Лучијано Спалети кој ја доби поддршката од управата, што значи крај за Тоти на Олимпико.

39-годишниот фудбалер го одби повикот на Клаудио Раниери за засилување на Лестер и одлучи да замине во Њујорк каде настапува хрватскиот интернационалец Нико Крајнчар.

Тоти целата своја кариера ја мина во Рома, но по се изгледа нема да се збогува на пријателски начин по новите случувања со Спалети.

За њујоршкиот клуб во минатото имаат настапувано Бразилецот Пеле и германскиот крал на фудбалот, Кајзер Франц Бекенбауер.

OhridNews