Капитенот на Рома, Франческо Тоти, во петокот изјави дека не размислува за крај на кариерата и дека планира да игра уште две до три сезони.


Тоти во својата кариера има постигнато 227 голови во Серија А и не се откажува од намерата да стане најдобар стрелец во историјата на италијанското првенство – лидер на вечната листа е Силвио Пиола со 275 погодоци.

„Планирам да играм уште две до три сезони. Доколку од почетокот на кариерата играв како напаѓач веќе ќе ја имав надминато бројката од 300 голови“,
рекол Тоти.

Легендата на Рома за првиот тим дебитираше пред 20 години, во сите натпреварувања има одиграно 672 натпревари, на кои 282 пати бил стрелец.

За репрезентацијата на Италија има одиграно 58 натпревари и постигнато девет голови, беше дел од националниот тим кој во 2006 година победи на светското првенство во Германија.

“Макфакс“