Капитенот на Рома, Франческо Тоти во дуелот со Лацио го постигна
деветиот гол во римското дерби, со што го израмни клупскиот рекорд.

По девет погодоци, во натпреварите со Лацио, покрај Тоти имаат постигнато Дино да Коста и Марко Делвекио.

Натпреварот на кој Рома беше домаќин заврши без победник 1:1, Лацио
водеше со голот на Ернанес, истиот играч на почетокот од второто
полувреме промаши пенал, а подоцна Тоти со удар од 11 метри го постави
конечниот резултат.

„Многу сакав да го остварам овој рекорд. Ова ми е најдрагиот рекорд кој
сум го остварил во кариерата“,
рекол Тоти по натпреварот.

„Во првото полувреме игравме лошо, не го започнавме натпреварот онака
како што сакавме. Промашениот пенал на Ернанес го смени текот на
натпреварот“,
дополни капитенот на Рома.

Рома со освоениот бод остана на седмото место на табелата со 48 бодови, Лацио е петти со 51 бод.

“Макфакс“