Живата легенда на “волчицата“, Франческо Тоти пред дуелот со градскиот ривал Лацио во Серија А го продолжи договорот со екипата до 2020 година.

Капитенот на Рома пред две недели прослави 20 годишнина од дебито во Серија А, а со новиот договор Тоти ќе стигне до неверојатни 26 сезони во “калчо лигата“.

Тоти за цел во новиот договор го зацрта рекордот за најдобар стрелец во “калчо лигата. Моментално на водечката позиција е Силвио Пиола со 274 голови, а Тоти досега постигна 226 голови а до 2020 година со сигурност ќе го надмине овој рекорд.

Мх.П.