Франческо Тоти со гол од пенал во 90-та минута донесе триумф за Рома (3-2) на Олимпико против составот на Сампдорија во третата рунда од калчолигата.
За триумфот на Рома немаше многу да се зборува ако во главна улога не беше Тоти кој е жива легенда во италијанската престолнина.
Победничкиот погодок не е потегот со кој Тоти уште еднаш ги освои симпатиите на навивачите од Рома. Пред да влезе „принцот од Рим“ во игра и да го одлучи победникот на мечот сам на големиот дожд се загреваше со што ја покажа својата големина и го оправда својот статус кој го има.
OhridNews